Сношти минав покрај варзи
тебе моме не те најдов
срце ми се растрепери
почнав солзи да ронам
Сечи моме руси коси
прави скала да се качам
да ти видам бело лице
ем рудото ти грло
Кажи моме вистината
љубиш ли ме
мамиш ли ме
ил со мене се подигруваш
да ти мине времето
Ах да можам да разберам
була си ил гркиња
ил си моме македонка
што си толку убава