Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат,
за своите правдини!
Не тажи, Македонио, мајко мила,
крени главата гордо, високо,
старо, младо, машко и женско
на нозе се кренало.
Одново сега знамето се вее
над Крушовската република,
на Гоце Делчев и Питу Були,
Карев, Влахов, Сандански!
Горите македонски шумно пејат
бојни песни, нови весници:
„Македонија слободна,
слободна да живее!“